-->
-->
На познатиот глумец нема да му биде пријатно - Таткото се откажа од Меколи Калкин
-->

Актерот Меколи Калкин (35), кој како дете се прослави со филмовите „Сам дома“, веќе со години не комуницира со својот татко и се чини дека дошло време некои работи да излезат на виделина.
Така барем смета неговиот татко, Кит Калкин (71), кој одлучил во медиумите да си ја отвори душата и да раскаже за својот однос со синот.
– Не го сметам повеќе за свој син. Кога ги гледам неговите фотографии не го препознавам, изјавил Кит Калкин.
Пријател на семејството изјавил дека по мозочниот удар Кит не комуницирал со своите деца, па ниту со Меколи.
– Ако не сакаа да се јават кога нивниот татко беше на работ на смрт, што да очекува и на што да се надева во иднина? Престана да се казнува себе си поради тоа и повеќе не е лут. Успеа да го пронајде својот мир, изјавил семејниот пријател.
Кит Калкин не размислува за тоа како Меколи ќе реагира кога во весниците ќе види дека повеќе не го смета за свој син.
– На Меколи сигурно нема да му биде пријатно, но со оглед на тоа што долго време не се во контакт тоа нема да му биде големо изненадување, додал пријателот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
