Џет-Сет
21. March 2016 - 11:54

На повидок нов „Мекдрими“ во серијата „Вовед во анатомија“

Дали Мередит Греј повторно ќе се вљуби во доктор по кој ќе лудуваат многу жени ширум целиот свет?

Имено, во серијата „Вовед во анатамија“ се појави нов лик, доктор Торп, кој ревносно ја освои популарната Мередит.

Доктор Торп го игра 41-годишниот Скот Елрод, кој настапуваше во филмовите „Фарго“, „Замена“ и „Хоум ран“, но се прoслави со улогата во сапуницата „Млади и неуморни“, каде играше негативец.

Во „Вовед во анатамонија“ тој доби улога на воен онколог, кој се грижи за своите пациенти, а можеби ќе биде и новото момче на Мередит.

Досега снимени се само четири епизоди во кои се појавува Торп, но се највува дека тој серија би можел да се задржи подолго време.