Македонија
24. јуни 2020 - 11:56

На повеќе локации низ Скопје осамнаа транспаренти за подигнување на свеста за заштита од коронавирусот

 На повеќе локации изутринава во Центар и Чаир и по должината на реката Вардар осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации, каде поминуваат голем број граѓани.
 
 
Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но и во моменот кога во земјава во тек е кампања за превдремените парламетарни избори.  ац/