Македонија
6. December 2022 - 9:31

На Попова Шапка измерени -1 степен, а во Гевгелија 9 степени

– Најстудено утрово било на Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе каде се измерени – 1 степен, во Крушево и Дебар 0, во Берово и Крива Паланка два степени, во Претор и Битола 3, во Тетово 4, во Охрид и Виница 5, во Прилеп 6, во Скопје – Петровец, Штип, Демир Капија и Струмица 7, Скопје-Зајчев Рид 8 и во Гевгелија 9 степени.

Најмногу дожд наврна во Струмица и Пожаране три л/м2 и Битола, Демир Капија, Гевгелија и Берово 2 л/м2.

Во текот на ноќта времето беше облачно, утрово е променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната темпÐ �ратура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.