На Пониква снежна покривка од 70 сантиметри
Интензивните и обилни врнежи од снег во текот на ноќта придонесоа дебелината на снежната покривка на Пониква да се зголеми на 70 сантиметри.
Екипи на јавното претпријатие “Македонијапат“ редовно го чистат патот до зимскиот туристички центар и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Дополнително се преземаат активности за оджување на паркинг просторот, со оглед на зголемениот број посетители за викендот.
-Во моментот во сместувачките објекти на Пониква престојуваат над 200 гости за кои е обезбеден полн пансион. Условите за скијање се одлични, работат двата ски-лифта, а патеките се подготвени за скијачите. Капацитетот на нашиот објект веќе е распродаден од крајот на ноември до почетокот на март, а зголемен интерес има и поради организираното ноќно скијање во текот на неделата, истакна Јорданчо Стоименов, одговорен во одморалиштето на Пониква.
Освен во одморалиштето и угостителските објекти, неколку стотини гости се сместени и во приватните викенд куќи, чии сопственици ги изнајмуваат за посетителите.
Цената на еднодневен билет за ски-лифтовите на Пониква е 500 денари, попустот за деца е 20 отсто, а постои и можност за изнајмување скијачка опрема.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца