На Пониква се одржа ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам
На патеката долга 6,4 километри кон планинскиот туристички центар Пониква денеска се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2019“, во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам.
На натпреварот, чиј организатор беше АКК „Custom car RT“ од Скопје, во сите четири класи учествуваа 25 возачи од Македонија и гости од Бугарија, а трката ја завршија 18 возила.
Во најниската класа А-1150, во која имаше и најголема конкуренција, најбрз беше Георгиј Наков од АКК „ПСС РТ“ од Скопје, пред Александар Георгиевски од АКК „Стефановски РТ“ и Александар Стојанов од АКК „Пулстарс“.
Во класата N-1400 имаше само двајца натпреварувачи, а трката успешно ја заврши Тоше Темелковски од АКК „Скопје“. Кај возачите од класата Е1-1600 победи Филип Василевски од АКК „Custom car RT“, а зад него се најдоа возачите на АКК „Скопје“, Дејан Стојанов и Златко Трајановски.
Во најсилната класа Е1-2000 првото место му припадна на Димитри Кимовски од АКК „Перформанс“, а зад него се најдоа Давид Малинковски од АКК „Custom car RT“ и Даниел Блажевски од АКК „ПСС РТ“.
Во екипна конкуренција најмногу поени освоија возачите од АКК „Custom car RT“, пред АКК „ПСС РТ“ и АКК „Скопје“. На прогласувањето на најдобрите, награди им беа доделени и на гостите од Бугарија, Диана Стојанова која возеше во класата Е1-2000 и Јасе Николов во Е1-1600, како и на дебитантот од Кочани, Дејан Манасиев.
Организаторите искажаа благодарност за сите кои помогнаа трката да се одржи, при што беше нагласено дека се очекува за првпат годинава, по неколкугодишна пауза, Државниот шампинат во автомобилизам успешно да се реализира. До крајот на сезоната преостануваат уште кружната трка во Кичево и ридско-брзинскиот натпревар на Витачево кај Кавадарци.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација