На полноќ завршува собирањето потписи за претседателските кандидати
Вечер на полноќ ќе заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието.
Пендаровски, покрај потписите од пратениците до вчера во канцелариите на ДИК низ земјава собра над 32.000 потписи од граѓани.
СДСМ на конгрес го потврди изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат. Од 783 присутни делегати, 712 едногласно, без против и воздржани, гласаа за Стево Пендаровски.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова потребните граѓански потписи ги собра за само еден ден. Околу 16.000 граѓани се потпишаа за неа во канцелариите на Државната изборна комисија низ земјава.
Иако професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак, побара поддршка и од граѓаните, за како што рече, да покаже дека е надпартиски кандидат.
Потписи за да учествува на претседателските избори собра и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса.
Тој на прес-конференција вети различна кампања, од другите кандидати. – Јас ќе учам од граѓаните, претседателот е во служба на граѓаните, истакна Река.
За шестите претседателски избори потписи собираат и Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски и Господин Попоски.
Собирањето потписи започна на 23 февруари.
Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.
На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.
Ново на Сител
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор