На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
По еден месец активна кампања за локалните избори, вечерва завршува трката со која кандидатите ја бараа довербата од гласачите за локалните избори. Кандидатите за градоначалници денеска со завршни настани, а на полноќ започнува изборниот молк.
Утре први ќе гласаат болните и изнемоштени лица, а во оваа категорија според податоците на Држаната изборна комисија пријавени се 4.856 лица кои ќе гласаат. Покрај нив утре ќе се гласаат и затворениците и притворениците.
Во недела пак, во вториот круг на локалните избори право на глас ќе имаат 1.013.375 граѓани кои ќе одлучуваат за градоначалниците во 32 општини и градот Скопје.
Од полицијата велат се подготвени за изборите во недела. Со дронови, полициски пунктови, но и полициски службеници околу изборните места, ќе се погрижат изборниот процес да не биде попречен и да се одвива во фер и демократска атмосфера.
Од Обвинителството и во вториот круг ќе имаат дежурен број на јавни обвинители, а привремената комисија што ја формираа за изборните денови, како и за периодот измеѓу двата круга ќе продолжи да ги следи постапките во врска со евентуални кривични дела за време на изборниот процес.
-Во јавните обвинителства низ државата има вонреден број дежурни обвинители кои се задолжени да постапуваат со приоритет по сите евентуални пријави, соопштија од Обвинителството.
Народниот правобранител објави бесплатна телефонска линија за изборни повреди на втори ноември која ќе функционира од 7 до 19 часот. (телоп)
Покрај главната канцеларија во Скопје ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права, соопштија од канцеларијата на Омбудсманот.
Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
