Македонија
14. September 2017 - 16:08

На полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници

Истекува рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и советници. До полноќ партиите имаат време за доствување на кандидатури за градоначалник и членови на општински совет. Од Државната изборна комисија велат дека документите најпрво ги разгледуваат општинските комисии по што ќе следи и потврда на кандидатските листи. Според роковникот за организирање на изборите, Локалните комисии на ДИК имаат 48 часовен период да утврдат дали листата на кандидати содржи неправилности, а истиот рок  е предвиден и за отстранување на пропустите. Така конечната листа на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети, Државната изборна комисија треба да ја потврди најдоцна до сабота на полноќ.

Инаку денеска членот на ДИК, Бедредин Ибраими реагираше на измените во изборниот законик усвоени од собранието со кои на негово место треба да седне претставник на БЕСА со што таквиот состав ќе го одразува постоечкиот однос на партии во законодавниот дом.

Официјалниот старт на предизборната камапања за локалните избори почнува на 25 септември. Според роковникот на ДИК, претходно ќе организира ждребката за редослед на гласачкото ливче а треба да се заклучи и избирачкиот список.

Претстојните локални избори се шести од оса-мостојувањето на Македонија. Граѓаните ќе гласаат на 3 480 избирачки места за избор на градоначалници и членови на совети во 80 општини и градот Скопје.