Македонија
14. January 2016 - 17:57

На поклон на моштите на „Свети Василиј Велики„ во Струмица

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики моштите на големиот светец беа изнесени за поклонение на верниците. Голем број верници  уште од синоќа почнаа да ја посетуваат цркват Свети Килил и Методиј во која беа изложени моштите со цел да се поклонат пред нив и да се помолат за здравје за нив и за нивните семества.

,, Ние како верници сите деца, стари, млади се поклонуваме, ни прават миропомазание и си носиме памукче дома за здравје и среќа.,, рече еден од верниците

,, Од моштите се надеваме за подобро. Си ја помазуваме фамилијата дома кога ќе си одиме.,, рече друг верник

Моштите на Свети Василиј Велики Струмица ги има уште од 1908 година. Тука нив ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија. Од тогаш тие грижливо биле чувани во црквата и ретко кој знаел дека постојат. Пред дваесетина години струмичката епархија одлучила секој година во чест на празникот на Свети Василиј моштите да се изложуваат со цел и верниците да имаат можност да се поклонат пред нив.

,, Со доаѓањето на владиката Наум со негов благослов прв пат ги извадивме моштите бидејќи светите мошти се остатоци од свет човек, не се од обичен смртник. Незнам дали ги забележавте луѓето тајна радост имаше во нив.,, рече отец Димитар Крцев

Во чест на големиот христијански празник вчера и денес во храмовите во Струмица се служше света Василиева литургија, а на поклонение пред моштите  на столбот на светото православие, Свети Василиј  Велики организирано дојдоа и голем број верници од Битола, Штип, Прилеп  и Скопје.