Македонија
8. јуни 2020 - 9:04

На подрачјето на ПС Бит Пазар лишени од слобода 15 лица кои го прекршиле полицискиот час

Петнаесет лица се лишени од слобода поради непочитување на забраната за движење на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар вчера во периодот од 19 до 20 часот на улиците „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму истакнуваат дека продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19.

-Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот, стои во соопштението од МВР.

До пет часот изутрина траеше 80 часовната забана за движење со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, а која се однесуваше за граѓаните на сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.