Македонија
14. July 2020 - 16:42

На плажа со маски, нови протоколи за функционирање на летната сезона

Со маска на плажа и само 15 гости на 100 метри квадратни ,физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода ,меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, често миење на рацете, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, ова се само дел од новите протоколи за работа на капалиштата ова лето.

Поранешните концесионери кои не сакаа да зборуваат пред камера велат дека тешко ќе може да се обезбеди рентабилно работење на ионака слабата сезона во градот.

Од Црвениот крст од Охрид велат пак дека мерките се согласно стандардите и во останатите туристички центри.

Голем дел од плажите на охридско-струшкото крајбрежје иако работат и издаваат лежалки и чадори сеуште немаат ангажирано спасители на вода .Ова лето безбедни за капење се 17 плажи во Охрид и две во Струга.

Со новите протоколи забрането е употреба на соблекувалните и групните игри како одбојка на плажа ,а мора да се одредат и лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките.