На патот Скопје – Гевгелија во автомобил пронајдени три мигранти од Куба
Полициски службеници при контрола на патничко возило „мерцедес“ на автопатот А-1, на местото „Клучка Прдејци“ пронајдени се три мигранти од Куба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 11:50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци“, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Р.Чешка биле лишени од слобода Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46), двајцата од Куманово, бидејќи при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ., во кое совозач бил А.Ќ., биле пронајдени три лица мигранти од Куба, се вели во соопштението на МВР.
Како што посочуваат од МВР, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација