Loading Video...
Свет
1. April 2020 - 17:18

На пат руска помош за САД во борба против коронавирусот

Полета првиот руски авион со медицинска опрема и маски, како помош за Соединетите Американски Држави во борбата против коронавирусот. Во претходен телефонски разговор, шефот на руската држава Владимир Путин му понудил помош на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој двајцата разговарале за тоа што треба да се преземе против ширењето на вирусот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Трамп со благодарност ја прифатил хуманитарната помош.

Се смета дека во наредниот период Соединетите Американски Држави би можеле да бидат најзагрозена земја. САД се први во светот со над 185 илјади заразени и над четири илјади починати, а претседателот Трамп предупреди на тешки моменти за нацијата.

Со коронавирусот во светот се заразени 880 илјади луѓе, а како последица од заразата досега починаа речиси 44 илјади. Шпанија денеска стана третата земја, по Соединетите Американски Држави и Италија, која бележи над 100 илјади болни. Веќе петти ден по ред, во Шпанија се регистрираат над 800 мртви од Ковид 19.

Ново жариште во Европа е Франција. Земјата веќе неколку дена пријавува драстичен пораст на заболени и починати. Во последните 30 дена над три и пол илјади лица ја загубија битката со вирусот, а една од последните мерки која ги наложи владата е дезинфекција на улиците и пренамена на спортските центри во болници.

Во меѓувреме, интезивно се работи и на произведување на ефикасен лек против Ковид 19. Научниците од рускиот Институт за хемиска биологија и финдаментална медицина работат на лек кој е заснован на крвта од оние кои веќе се опоравиле од инфекцијата. Се очекува дека првите резултати од работата да бидат достапни за 30 дена, а лекот би се применувал интравенски.