Балкан
17. March 2019 - 20:49

На овие бугарски полицајци им се смее цел свет: Фрлија солзавец врз демонстрантите, но не сметаа на ветeрот

Бугарите во текот на викендот излегоа на улиците, барајќи меѓудругото, референдум за промена на системот на власт и нов устав, но целиот протест стана светска вест поради еден непромислен потег на полицијата.

Иако малубројни, демонстрантите сакаа да го пробијат кордонот, па полицијата реагираше фрлајќи солзавец.

Меѓутоа, заборавија на ветрот, па солзавецот им се врати во лице.

 

 

На снимката може да се види како ги тријат очите и ги испираат со вода.