Живот
22. October 2017 - 21:49

На оваа мода најмногу ќе се радуваат мажите: Танга фармерките се хит оваа сезона

Речиси да нема човек кој не сака џинс, а фармаерките се неизоставен предмет за облекување во секој гардеробер. Последните неколку години во мода се искинати фармерки и девојките со уживање ги носат.

Прво почнаа да „шетаат“ фармерки кои се „срамежливо искинати“ на колената, а подоцна се ослободија па низ фармерките можеа да се видат добро извајани бутини и задници.

Сега дизајнерите отидоа чекор понатаму и ги претставија фармерките низ кои може да се види апсолутно се.

Имено на модната писта се прошета манекенка со таканаречени „танга фармерки“.