Бизарно но вистинито
13. July 2016 - 20:50

На ова дете органите му растеле надвор од телото: Докторот се шокирал кога му го видел стомакот

3 годишниот Ејтан Сугло е дете кое е родено со органите надвор од стомакот и чија операција неопходно е да се соберат 60.000 евра. Мајката Џеки во соработка со докторот Дејвид Вилијамс успеала да ги собере овие пари и детето од Гана ќе одлета во Велика Британија на операција.

Инаку родителите на детето успеале во сплет на среќни околности да закажат операција кога минатото лето го сретнале доктор Дејвид во Гана. Тој бил во посета на својата ќерка која таму предавала Англиски јазик кога го запознал таткото на Ејтан.

„Кога слушнав дека Ејтан има здравствен проблем побарал веднаш да го прегледа. Го видов детето и мислев дека стомакот му е надуен од неухранетост. Меѓутоа неговите органи беа надвор од абдоменот. Тоа ме шокираше“, кажа докторот.

Доктор Дејвид призна дека во својата долгогодишна кариера немал ваков случај. Слушнал дека постојат ширум светот, но никогаш не правел таква операција.

Затоа решил да му помогне на Ејтан и му закажал операција кај најдобриот лекар во Велика Британија.