Македонија
17. November 2018 - 19:36

На Охридскиот аеродром пречекан првиот лет од Виена

На охридскиот аеродром Свети Апостол Павле пристигна првиот лет од Виена со капацитет од 181 патник.

Новата директна линија Виена-Охрид-Виена ќе сообраќа во текот на целата година почнувајќи од денеска за почеток два пати неделно односно секој вторник и сабота,додека од 20 ти декември ќе ја зголеми фреквенцијата на оваа линија односно ќе има лет и во четврток.

Новата редовна авио линија ја отвара встрија како нов дојдовен пазар за патници и туристина брегот на Охридското езеро.

Со додавање на Виена како нова дестинација на охридскиот аеродром сега има три редовни линии Виена ,Базел и Цирих како и 8 сезонски дестинации.