Македонија
10. November 2018 - 19:55

На Охрид му требаат нови хотелски капацитети

За развојот на туризмот покрај нискобуџетните од особено значење се и  редовните линии . Субвенциите во туризмот даваат ефект но цената секогаш не е пресудна за носење на странски туристи.Од агенцијата за подршка и промоција на туризмот велат дека тоа што се случува во Охрид со полските туристи   е доволна позитивна провокација дека се повеќе се носат елитни  гости Главниот туристички центар има потреба од изградба на нови хотелски капацитети меѓутоа не толку со квантитет колку со квалитет кои ќе можат да одговорат на барањата на гостите.

Градоначалникот Стојаноски смета дека преку умерена изградба на нови капацитети и донесување на поквалитетни гости ќе се зголеми туристичкиот промет.

Инаку за една недела на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле ќе стартува и новата редовна линија од Виена која ќе оперира три пати седмично односно секој вторник, четврток и недела.