Македонија
16. јуни 2019 - 16:48

На Охрид му е потребна стратегија за промоција на социјалните медиуми

Охрид како туристичка дестинација треба повеќе да се промовира на социјалните мрежи.Дигиталниот маркетинг станува една од најважните алатки за привлекување на туристи сметаат експертите.Според нив неопходно е да се креира понуда согласно потребите на гостите ,преку интернет апликациите лесно може да види кои се нивите побарувања и согласно нивните желби да се направи понуда.

За поголема посетеност во текот на целата година потребни се понуди за точно таргетирана група на туристи.

Со оглед на слабата онлајн промоција , туристичките работници деновиве се едуцираа за проширување на нивните знаења на кој начин да го презентираат тоа што го имаат согласно потребите на туристите.