Македонија
13. May 2019 - 15:01

На официјалната интернет страница Ѓорге Иванов сеуште е претседател на Македонија

Стево Пендаровски ја превзеде претседателската функција, официјално е претседател на Република Северна Македонија, но првиот ден како новоизбран шеф на државата го мина како „Претседател на Република Македонија“. Административната служба  на претседателскиот кабинет се уште нема извршено промени на веб-страницата, па поради тоа не само државното име, сеуште нема промена ни на претседателот.

На интернет-сајтот се уште стои дека претходникот Ѓорѓе Иванов е претседател на „Република Македонија“.