Македонија
22. March 2018 - 19:32

На неколку патни правци забрани за товарни возила

На неколку патни правци попладнево е воведена забрана за движење за тешки товарни возила. 

Од 18:45 часот забрана е воведена на патниот правец  Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, а од 18:15 часот на патниот правец Кичево-Дебар. Камиони не може да се движат и на планинскиот превој Стража од 18:10 часот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.