-->
-->
На Мурињо му се насмевнува прво финале со Јунајтед
-->
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се наоѓаат на чекор до пласман во финалето на Лига купот, откако во првиот полуфинален меч го совладаа Хал со 2:0.
Манчестер Јунајтед ја опрвада фаворитската улога против Хал, иако надмоќта на теренот ја реализира дур во второто полувреме.
Акцијата на Валенсија и Мхитаријан во 56.минута со гол ја заврши Хуан Мата, а конечниот резултат го постави Фелаини во 67.минута. Белгиецот по центаршутот на Дармијан со глава ја погоди мрежата на Хал.
Реванш натпреварот на теренот на Хал ќе се одигра на 26.јануари.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Саутемптон и Ливерпул, а првиот меч ќе го одиграат в среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел