Свет
6. May 2020 - 10:30

На Монт Еверест поставени највисоките 5Г станици

Успешно поставени неколку 5Г станици на Монт Еверест од страна на двете најголеми телеком компании во Кина за да покажат како телекомите може да оперираат во екстремни услови.

Хуавеј и Чајна Мобиле ја изградија највисоката 5Г мрежа во светот, со тоа одбележаа годишнина на два големи планинарски потфати во историјата.

Пет 5Г ААУ базни станици беа подигнати на камповите Бејз, Транзишн и Форвард на Монт Еверест, на 5.300, 5.800 односно 6.500 метри надморска височина.

Базните станици беа подигнати со цел да се покаже ефикасноста на компактните и интегрирани влезни точки на Хуавеј, при што кинескиот технолошки гигант соопшти дека неговите базни станици ќе нудат 20 пати поголем мрежен капацитет, иако се трипати помали од традиционалните. Станиците ќе нудат брзина на даунлодирање од над 1.7Gbps, брзина од 215Mbps, дури и на 6.500 метри надморска височина.

Според соопштението од компаниите, големиот чекор е направен на 60-годишнината од првото искачување на највисокиот планински врв и 45-годишнината од првото официјално и најточно мерење на врвот.

Исто така, ова се случува речиси една деценија откако Huawei на инсталираше највисоката GSM мрежа во светот, на 5.200 метри надморска височина.

„Хуавеј силно верува дека целта на технологијата е да го направи светот подобар. Убавината на Монт Еверест може да се покаже со 5Г Хај дефинишн видео и VR, што пак може да им помогне на планинарите, алпинистите, научниците и други експерти кои се занимават со истражувања поврзани со природата и животната средина. Овој пионерски потфат уште еднаш докажува дека 5G технологијата може хармонично да ги поврзе човештвото и природата“, стои во соопштението.