Бизнис
23. November 2017 - 19:55

На минусни температури, граѓаните се уште чекаат Македонски шуми да им испорача дрва

Температурите се спуштија под нулата а граѓаните уште чекаат Македонски шуми да им ги испорача дрвата. Голем број од пензионерите кои се јавија во утринската програма на Сител велат дека се смрзнуваат и немаат со што да ги загрејат домовите. Уредно си аплицирале и ги платиле дрвата,а сеуште не ги добиле. Предвидениот рок истече претходниот месец.

Од Македонски шуми уверуваат дека ако послужат временските услови испораката ќе заврши за 2 до 3 недели, иако минатиот месец изјавија  дека до почетокот на ноември сите ќе го добијат огревното дрво. Временските услови се најголем проблем за навремената испорака. Кога врне тимовите не можат да функционираат, објаснува Жарко Анастасијески од Македонски шуми. Додава дека доставата доцни и поради претходното раководство кое не ја почнало испораката навреме.  

Анастасијески информира дека најголем проблем за испорака на дрвата има во Битола, Кавадарци и Скопје. Од вкупно 315 000 кубици треба да се испорачаат уште 12 и пол 000.