Џет-Сет
26. October 2017 - 16:51

На Марија Шерифовиќ и пукна филмот: Без влакна на јазикот проговори за проституцијата на естрадата

Откако три години седи во жирито на “Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ се обидува на сите начини да се избори со шундот кој владее на естрадата.

Имено, еден од нејзините основни ставови и параметри по оценувањето на кандидатот е тој, дека физичкиот изглед потполно е неважен доколку натпреварувачот не умее да пее.

Сепак, повремено останатите членови од жирито им даваат примат токму на таквите кандидати зошто знаат дека тоа е „вистинска работа“. 

Во новата емисија, на Марија и падна мрак на очи и бесно порача:

-Ако се водиме по таа теорија кој е убав, а кој знае да пее, кој е грд, а не знае да пее, тогаш нашата естрада ќе се сведе на проститутки кои убаво изгледаат, а не умеат да пеат. Фуј - рече Марија.