Балкан
26. February 2016 - 18:51

На малиот Јасмин кој сакаше коза наместо велосипед му се исполни желбата!

"Не ме интересира ниту велосипедот ниту ништо. Јас ги сакам козите бидејќи од нив имам млеко секое утро, од велосипедот немам ништо", биле зборовите на 16-годишниот Јасмин.
 
 
Пред десетина дена тој додал и дека не го интересираат скапи мбилни телефони, компјутери и слични работи како што сакаат многу негови врсници. Сака животни, поготово оние кои му овозможуваат да се прехрани себе, својата сестра и својот брат. 
 
Неговите желби се исполнети и денеска Јасмин е среќно дете.
 
 
"Еве имам и една овца, но вчера кучето случајно ја гризна за нога. Се надевам дека сепак ќе биде во ред", загрижено говори Јасмин.
 
Зад куќата се наоѓаат 20-тина кози и јарец.
 
 
"Што да ви кажам нема посреќен човек од мене. Луѓето доаѓаат од сите страни и помагаат. Имам толку кози што со мојот татко и брат ќе правам нова штала. Оваа која ја имам е премала."
 
"Ова е голема можност во мојот живот. Со козите имам се и од нив не се одвојувам", вели Јасмин.
 
 
Дијаспората од Босна во Данска со донирање помогнала на Јасмин, тие пари според неговите зборови ќе бидат доволлни да ја заврши шталата за да обезбеди добри услови за своите кози. Се заблагодарува на големиот број на луѓе кои му помогнале.
 
"Благодарам на сите, немам зборови со кои можам да опишам колку сум среќен."