Бизнис
30. August 2016 - 16:18

На македонскиот пазар влегува компанијата Аgricorp invest, дел од Мonaco resource group

Стотина нови работни места ќе отвори компанијата Agricorp Invest која е дел од од Monaco Resource Group, објави лдиерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на својот фејсбук профил.

Компанијата е  пристутна во 25 земји со повеќе бизниси од областа земјоделието, металите и миниралите, енергијата и финансискиот сектор.

„Компанијата Agricorp Invest го откупи мнозинскиот пакет во компанијата Бонум, фабрика за производство на пакувани печурки и преработка на земјоделски производи Се работи за браунфилд инвестиција чиј преработувачки капацитет се наоѓа во кумановскиот крај.

Очекувањата се делоа ова ќе биде поттик и за економскиот развој и можност за нови работни места во овој дел од земјата.  

Овие новоотворени работни места, согласно инвестицискиот план на компанијата и развојните пазарни текови треба да се реализираат во наредниот едногодишен период, но исто претходно ќе се гарантира и сигурност на работните места на веќе вработените луѓе во компанијата.

Станува збор за значајна инвестиција за преработувачкиот сектор за земјоделски производи во Македонија кој во изминатиот период постојано бележи рекорди како производството така и во извозот кој е дуплиран. Ова е добра вест за македонското земјоделие, но и признание за преработувачкиот сектор кој што е сфера на интерес и странски компании кои ги насочуваат своите бизнис планови кон ова поле“ пишува Груевски.

Oваа инвестиција е дел од инвестицискиот бум што ја зафати Македонија.

Пред неколку дена компанијата  „Сардич MЦ“ ја започна изградбата рударскиот комплекс во Казандол, Валадандово.  Ќе бидат вработени 250 луѓе, а инвестицијата е вредна 35 милиони евра. Во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра.

Вонеделата започна рестарирањето на рудникот Злетово, а за месец и половина ќе се рестартира и Тораница со што на работа ќе се вратат 1000 луѓе. Со производство почна и Гентерм во Прилеп каде во моментов вработени се 400 луѓе а се очекува тој број да достигне 2000.

Освен компанијата Agricorp Invest која објави дека ќе инвестира, заинтересирана е и една друга холандска фирма да инвестира во земјоделието,преработувачките капацитети и земјоделското производство.