Балкан
19. December 2016 - 12:20

На Лезбос пристигнале околу 170 нови бегалци

На островот Лезбос во последните 24 часа пристигнале 164 нови бегалци и мигранти, во најголем број по потекло од Африка.

Во исто време, како што јави дописникот на МИА од Атина, на Хиос и Самос не се регистрирани нови пристигнувања.

Според грчката полиција, на Хиос, Лезбос и Самос денеска има 11.156 лица, кои бараат азил во Грција.