Балкан
7. February 2017 - 12:54

На Лезбос пристигнаа 54 нови бегалци и мигранти

Во последните 24 часа на северниот дел на грчкиот остров Лезбос пристигнале 54 мигранти и бегалци, додека на Хиос и Самос не се регистрирани нови пристигнувања.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката полиција соопшти дека на грчките острови во моментов има 10.057 луѓе кои бараат азил во Грција и чии барања се уште не се процесирани.

Вкупно 4.775 од нив се на Лезбос, 3.445 на Хиос и на Самос се заглавени 1.837 бегалци и мигранти.