На Лезбос почина уште еден мигрант
Во бегалскиот камп Мориа на Лезбос вчера почина уште еден мигрант, што е трет смртен случај меѓу бегалците за една седмица, а по што се зголеми загриженоста за условите за живот на илјадници луѓе кои се уште живеат во шатори.
Ова исто така предизвика ново сомневање во врска со ветувањата на Министерството за миграција на почетокот од јануари дека ќе се преземат мерки на претпазливост откако земјата ја зафатија обилни снежни врнежи и температури под нулата.
Министерот за миграција Јанис Музалас вчера изјави дека бројот на вработени од УНХЦР во камповите е намален, што уште повеќе ја отежнува ситуацијата. Тој, исто така, рече дека планот луѓето да се преместат во хотели, додека не се реновираат камповите, пропаднал затоа што локалните власти и хотелиерите не се согласиле.
После последниот инцидент, УНХЦР и други меѓународни организации уште еднаш ја повикаа Грција да ги подобри условите за живот во бегалските кампови.
Човекот кој починал вчера во неговиот шатор бил пакистански државјанин, на возраст меѓу 18 и 20 години. Властите ја отфрлија можноста дека смртта била насилна, а лекарите обвинуваат дека се работи за смрт поради труење со јаглерод моноксид. Еден 30-годишен Авганистанец кој бил во истиот шатор е хоспитализиран, но неговата состојба, наводно, не е опасна по живот.
Минатиот вторник во Мориа почина еден 22-годишен Египќанец, а во саботата 46-годишен Сириец.
Доктор по судска медицина побара да се спроведат повеќе тестови за да се утврди причината за смртта на последните две жртви. Првичните проценки се дека тие починале од чадот од печките на гас кои се користат за греење.
На Лезбос во два кампа во моментов се сместени околу 4.800 бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово