На Лесбос без вода се четири илјади мигранти
Се проценува дека на островот Лесбос без вода се заглавени повеќе од четири илјади бегалци и мигранти кои чекаат процес на идентификација во прифатниот центар.
Нивниот број може да се зголеми во наредните денови со оглед на тоа што е интензивиран сообраќајот на фериботите поради тоа што летната сезона е во најголем ек.
Фериботите кои би се користеле за да ги пренесат мигрантите до Атина во моментов работат со полн капацитет поради празничниот продолжен викенд, а локалните туристички агенти тврдат дека бродовите постојано ќе бидат резервирани и во деновите што доаѓаат.
- Нема билети за ферибот до Пиреја до крајот на август. Со оглед на тоа што дневно се пуштаат 1.200 до 1.500 бегалци, ако не се реши проблемот, во рок од една недела на пристаништето ќе живеат повеќе од 15.000 луѓе, изјавил еден тур оператор за државната новинска агенција АНА -МПА.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски