Македонија
15. August 2018 - 8:20

На Криволак тренинг активности на Армијата на САД во Европа

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со заменичката на амбасадорот на САД во Република Македонија, Микаела Шварцер Блум ќе присуствуваат на тренинг активноста која Армијата на САД во Европа ја реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Од 1 август на „Кривилак“ веќе вежбаат 200 војници од мировните сили на САД во Косово кои до 20 август своите способности ќе ги проверат единиците од 3. сквадрон, 61. коњанички полк, 1. бригада, 4. пешадиска дивизија, (3-61 коњанички полк) од форт Карсон, Колорадо и 3 батаљон, 126 авијациски полк, од Армиската национална гарда стационирана во Бостон и Масечусетс.