Свет
22. November 2015 - 9:42

На Крим вонредна состојба поради недостиг од електрична енергија

На Крим е воведена вонредна состојба поради недостиг од електрична енергија со која Крим се снабдува од Украина, соопштија властите.

Сите служби за вонредни ситуации се ангажирани во врска со тоа, јави Тасс.

Руското Министерство за вонредни ситуации исто така потврди дека на Крим нема струја. Засега нема објаснување за причините за таа ситуација, наведува Тасс.