Loading Video...
Кошарка
7. November 2021 - 15:51

На „крилјата“ на Стојановски, Феникс со пресврт до победа над Гостивар

Во последниот натпревар од 6-тата рунда во Првата машка кошаркарска лига,  екипата на Феникс стигна до третата победа совладувајќи го Гостивар со 87-81.
 
Иако домаќините во последната четвртина влегоа со негатива од 19 поени разлика, сепак благодарение на Борјан Стојановски кој влез од клупата и уфрли 12 поени, Феникс направи пресврт го доби периодот со 38-13, па на крајот заслужено славеше со 87-81. 
 
Со тоа тие го заокружија максималниот ефект на домаќините во ова коло, во кое вчера ТФТ го победи Ангели, Кожуф славеше над Еуро Никел, а Академија ФМП очекувано беше подобар од вториот тим на МЗТ. 
 
Нешто порано своите натпревари ги одиграа Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром кои славеа над Куманово и Работнички, а причината за тоа е нивниот претстоен настап на вториот турнир во АБА-2 лигата во која веќе во среда МЗТ и Пелистер ќе го одиграат и меѓусебниот дуел во ова натпреварување.
 
Токму овие два тиме се на првите две позиции на првенствената табела.