На крајот на месецот трета средба во рамки на процесот Жан Моне
Деловникот за работа на Собранието ќе биде во фокусот на парламентарните политички партии на новата средба на процесот Жан Моне, која, како што потврдуваат за МИА од Собранието, е извесно дека ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Скопје.
Во Скопје се очекува да допатува новиот известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, како и двајца други европратеници за кои се уште се чека официјална потврда.
Официјалните информации се дека форматот на средби останува ист, односно дека европратениците би требало да имаат средба со лидерите на партиите, а потоа и заеднички разговори со координаторите на пратеничките групи.
Од пратеничките групи за МИА брифираат дека најголем дел од спорните точки во Деловникот се усогласени, освен што за опозоцијата е спорен начинот на избор на генералниот секретар на Собранието, како и усогласувањето со амандманите на Уставот односно со новото име на државата – Деловник на Собранието на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има и други прашања за кои тие сметаат дека се уште треба да се разговара и предупредуваат дека треба да се има предвид и фактот што Парламентот е пред распуштање, како и дека одржувањето на средбата не значи дека ќе дојде до надминување на сите спорни точки.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера од собраниска говорница им најави на пратениците дека на 31 јануари и 1 февруари ќе имаат можност да се изјаснат за Деловникот за работа на Собранието. Од неговиот Кабинет ја потврдуваат третата средба во рамки на Жан Моне процесот, најавувајќи повеќе детали за следната недела.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година