На Кораб првиот снег, поради помали одрони внимателно возење во дебарскиот регион
Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.
Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и урово и со ниски температури,кои беа присутни во овој најзападен дел на Македонија.
Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Деба-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува вниматлно возење.
-Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.
Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жровница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација