На Канарските острови евакуирани 6.000 луѓе поради ерупција на вулкан
– На шпанскиот остров Ла Палма поради активирање на уште еден отвор на вулканот Кумбре Виеја, евакуирани се уште 500 луѓе, со што вкупниот број луѓе принудени да ги напуштат своите домови се зголеми на 6.000.
„Појавата на уште еден отвор од кој излегува лава во зоната Таканде во општината Ел Пасо доведе до евакуација на жителите“, напиша синоќа на Твитер службата за итни случаи на островот.
Ноќеска околу 500 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, потврди утрово Лорена Ернандез Лабрадор, службеник од соседното село Лос Љанос де Аридане, кое беше тешко погодено од излевањето на лавата.
Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атлантскиот Океан еруптираше во неделата по седум дена зголемена сеизмичка активност.
Тој исфрла столбови од чад високи стотици метри и помеѓу 8.000 и 10.500 тони сулфур диоксид дневно, но сепак воздушниот простор не е затворен.
Компанијата „Аена“, која управува со шпанските аеродроми, вчера објави дека се реализирани сите летови на аеродромот Ла Палма и дека за денеска се планирани уште 48 летови.
Ова е прва ерупција на вулканот Кумбре Виеја на овој остров со 85.000 жители од 1971 година. Иако во ерупцијата нема жртви, таа предизвика голема штета, протокот на лава ја запали вегетацијата, ги покри патиштата и уништи стотици куќи.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто