Џет-Сет
10. јуни 2018 - 12:11

На интернет кружат приказни дека се разведуваат, кладилниците се вжештија: Одговорот на Викторија Бекам ќе ве остави без текст

Викторија и Дејвид Бекам се заедно веќе 19 години, а во медиумите кружат бројни приказни за нивниот развод.

Обложувалниците почнаа да примаат кладби откако во илјадници и илјадници твитови почна да се нагаѓа дека Бекамови ќе објават дека се разведуваат.

Сепак, поранешната спајсица сето тоа го демантираше, како со заеднички фотографии така и со изјава.

„Благословена сум зошто имам прекрасен сопруг и убави, здрави и среќни деца“, изјави во една прилика популарната дизајнерка и додаде дека и покрај пренатрупаниот деловен распоред, тие двајцата секогаш наоѓаат време за себе. Дејвид и јас немаме што да докажуваме. Се сакаме, се поддржуваме и силни сме и како партнери и како родители“, рече познатата сопруга на Дејвид.