На „Интерфест“ концерт на Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија
Во Битола продолжува јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, а според програмата вечерва концерт ќе одржи германското дуо пијано Михаил Кун и Кристог Еверс.
Во салата на клавирите во битолскиот Музеј, Кун и Еверс ќе изведат дека од Дворжак, Шопен, Лист и Бизе.
Во рамки на „Интерфест“ синоќа во Битола настапија Ангела Братиќ, уметница на флејта и пијанистот Александар Цветковиќ од Србија кои во својот музички рецитал исполнија дела од Пиацола, Шокер, Мариконе и Златковиќ.
Според фестивалскиот концепт, викендов во Битола на публиката ќе и биде понудена театарска претстава во изведба на актерите од Битолскиот театар кои ќе се претстават со неодамнешната премиера „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, а в недела музикологот Викторија Коларовска Гмирја ќе одржи онлајн предавање за македонското музичко творештво.
В недела навечер во битолскиот Музеј целовечерен музички рецитал ќе има Емил Рибарски, кој на пијано ќе изведе дела од Лист, Равел и Шопен.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп