Фудбал
21. May 2018 - 14:55

На Иниеста не му се оди од Камп Ноу

Андре Иниеста во неделата го одигра последниот меч за екипата на Барселона за која од 2000-тата година на Камп Ноу има одиграно повеќе од 350 натпревари.
Легендарниот играч за врска доби овации на средбата против Сосиедад која заврши со резултат 1-0 а иако натпреварот заврши во 22.30ч. Иниеста остана на центарот на игралиштето и во целосен мрак седеше до 1.30 по полноќ кога си замина од стадионот.
Најавите се дека легендата на Барса ќе ја продолжи кариерата во Јапонија.