Македонија
26. February 2021 - 13:05

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 675 пациенти со Ковид-19

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид –  центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 41, во Гевгелија осум лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.