-->
-->
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1248 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот