Македонија
20. December 2020 - 15:30

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 738 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 40 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 87 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 24 во Кичево 19, Кавадарци 52,  во  Гевгелија 13 лица, а во Дебар 5 позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1217 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.