Македонија
5. December 2020 - 14:52

На инфективните одделенија во земјава се лекува 881 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46,  во  Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.