Македонија
17. May 2021 - 12:41

На инфективните одделенија низ државата се лекуваат вкупно 490 пациенти, слободни кревети

 Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во главниот град и во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 490 лица позитивни или суспектни на коронавирусот, како и дека има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите.
 
Во Скопје, во изминатите 24 часа во ковид-центрите се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
 
Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и четири биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.
 
Како што информираат од Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
 
Според извештаите од болниците низ државата, во изминатите 24 часа во ковид-центрите низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
 
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19.
 
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 15 во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.