Балкан
21. April 2017 - 12:28

На Хиос уапсени две лица за напад врз бегалскиот камп Суда

На грчкиот остров Хиос доцна синоќа се уапсени две лица, кои се осомничени за напад врз кампот за бегалци Суда, што се случи минатата година.

Како што јави дописникот на МИА, двајцата осомничени денеска би требало да бидат изведени пред обвинител.

Кампот, кој се наоѓа во близина на урнатини на средновековен замок во главниот град на островот, во ноември беше нападнат со молотови коктели и камења од страна на екстремно десничарска толпа вооружени лица.