На Хаити уапсени осуммина „тешко вооружени“ мажи
Властите на Хаити уапсија осуммина „тешко вооружени“ мажи, меѓу кои петмина Американци и по еден Србин, Русин и Хаиќанец.
Тие биле уапсени за време на антивладини демонстрации, откако во нивното возило било пронајдено оружје, опрема за комуникација и неколку регистарски таблички, информира полициски извори.
Како што се наведува, полицијата во возилото пронашла шест митралези, седум пиштоли, дронови, сателитски телефони, заштитини елеци и друга воена опрема.
Седуммината уапсени беа идентификувани како Кент Леланд Крекер, Данило Бајавиќ, Влад Јанкович, Бартон Телон, Кристофер Осман, Даниел Дастин и Естера Мајкл.
– Групата од осум мажи е обвинета за нелегално поседување на оружје, а второто обвинение против нив е криминален заговор, соопшти полицијата.
Тие биле уапсени додека патувале во возила без регистарски таблички, а некои од нив тврделе дека работат за Владата.
Во моментот на нивното апсење, тие ја напуштале националната банка, но полицијата не пронашла никакви пари.
Опозицијата на Хаити од 7 февруари организира протести, барајќи оставка на претседателот Жовенел Моиз.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти