Свет
11. October 2016 - 10:44

На грчките острови се наоѓаат повеќе од 11.000 бегалци и мигранти

Во последните пет дена на грчките острови во северниот дел на Егејското Море пристигнале нови 499 мигранти и бегалци.

На Самос пристигнале 299 лица, на Лезбос 86 и на Хиос пристигнале 114 мигранти и бегалци.

Според последните, денешни податоци, бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и се блокирани на грчките острови достигна 11.104 лица.

Ова е првпат по договорот меѓу ЕУ и Турција бројот на мигранти и бегалци кои се наоѓаат на грчките острови да надминува 11.000.