Свет
28. November 2016 - 11:29

На грчките острови регистрирани околу 12.000 бегалци и мигранти

Во последните три дена регистриран е значителен пораст на приливот на нови бегалци и мигранти на грчкиот островот Хиос, во однос на Лезбос и Самос, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчките власти соопштија дека на Хиос последните три дена пристигнале 153 лица, на Лезбос 53 и на Самос само деветмина.

На островите во Егејското Море денеска има вкупно 11.801 беглаци и мигранти, односно 5.918 на Лезбос, 3.701 на Хиос и 2.182 на Самос.